Колку убаво вака кога ќе ти тргне денот со нешто ново што си го научил. Навистина се чувствувам просветлено. Него ај да почнеме од почеток...
Си читам ја весник по сабајлечки (нормално on-line пред монитор) и во Дневник ми искача еден напис за протестите на учителите по веронаука. Веронаука, учители, Уставен (my fav), влада, опозиција, итн... Но, овој текст не е така безначаен. Во него се крие една многу мудра мисла:
- Секаде во светот се учи дека човекот бил создаден од Бог и дека е наследник на Адам и Ева, а кај нас и понатаму децата се учат дека се создадени од мајмуни - ја објасни причината за протестот битолскиот вероучител Плури Велиу.
Мноооогу важна реченица. Во неа се крие причината за целово срање во кое сме ставени. Па ние сме ти сјебана генерација кога ќе видиш. Ние уствари цело време сме живееле у заблуда дека човекот настанал од мајмун, еволуција, Дарвин и слични богохулења. Нема врска. Господинот убаво си кажал во изјавата. Затоа нас цел свет ни се смее. Остај ти тоа со мајмуните, ова со човек од кал и жена од ребро е многу боље. Нормално, како да имаме успех во било какви преговори кога сме вака инфериорни со знаење спрема останатите. Него дај ние да не ги сјебеме наредните генерации, што е заебано досега, нема оправање. Ајде да им воведеме веронаука, да не испадне после и они да се резилат како нас. Барем така ќе научат како настанал човекот, а тоа ти е елементарно знаење за понатака.
Гарант и атомите се измишљотина некоја. Гнаси професорски, на што ли не научиле?
Thursday, April 23, 2009
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Poshtovanje za postov deteeee...
ReplyDelete-Srna
Види дете знаеш дека не сум испартизиран и ти мн ми ме харесва ова шо си го пишал...Моменатот у целава ситуација би можел Цацко да каже:УШТЕ ВЕ ЛАЖА КОМУНИСТИНЕ БЕ ДЕТЕ! Реално глеано на работите не ја сваќам целта на ВМРО како партија што мрчи муда демек 130 професори ке останеле невработени...а што е со тие 500.000(Со зборови:пола милион,за во случај неписмена раја да има со нули слабо да барата) што се дома и што немаат леб да јадат а да не ги спомињаме тоа млекарите кои што ке почнат на млеко да дишат за да не го фрлаат млекото...А појакото со Дарвин,да се преведуваат на англиски он-лајн изданијава и ако воопшто има некој енглеЗки аудиториум мислам дека ке не бомбардираат човече,ке не нападнат ко ономад Талибанците...незнам можам да пишувам до задутре сабајле али полагам тогаш така да отом потом!
ReplyDeleteЗнаеш мене што ме вади од такт?
ReplyDeleteОва пеер не е веронаука,ова е religious brainwashing.
Веронауката ги открива сите системи на верба и религија(вклучително и атеизам),а не само да го глорифицира домашниот.
И ене го оној што мрчи за еволуција,утре на син ми да му предава?
А btw,ти заврши со колоквиуми,па сега мудро блогираш,или има уште нешто за кинење?
Кал, човк, ребро, жена... Чекај сега, кај се вклапа тука мајмунот? Браво бе Виски, и така бев збунет и сеа ти нешто постираш на блог и уште толку ме буниш! Оди таму учи наместо да седиш пред компјутОр цел ден и да ја корумпираш и буниш младината!
ReplyDelete