Ако сте глупи и ако не сфативте, разумно е разумно. Така деновиве Џоле им објасни на новинарите како ќе го реши спорот со името. За оние што не виделе, тука. Кул. Фала Џоле. Како си станал бе ти мајкин универзитетски професор?
1. Ова не ти се дечињата на факс, па да мора да ти ја прочитаат книгата што си ја напишал за да те разберат што уствари си мислел ти. А и ако вака си им објаснувал на предавање, алал да ти е. Ги жалам. Ама и што има да ги жалам. Гарант разумно си им објаснил на нив. Него ова новинариве што те нервираат...
2. Па новинари се бе! Тоа им е работа. Дај немој да губиш нерви уште пред да станеш претседник. Што ќе биде од тебе кога ќе станеш... Ќе се кљукаш со дијазепами пред прес. Не чини за здравје ова претседателскава функција. Добронамерен совет за во иднина: што и да те прашаат новинарите, одговарај како да те прашале дали сакаш локум. Фино и насмеано. Да не доживуеш вакви бламажи и медиумски линчови. Не е коректно.
3. Сфаќаме сите дека „разумно“ е прилично широк термин и слободен за индивидуална интерпретација, ама барем кажи ти како го сфаќаш. Или не го сфаќаш? Или си го прочитал негде, ама не си го разбрал? Ако е така, барем биди искрен и признај. Кој признава, пола му се простува.
Како и да е, добар старт. Ма не е ни старт, пред-старт е. Ова ти е исто како да се повредиш на загревање пред утакмица. Кул.
Wednesday, April 15, 2009
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
И така гледаме зашто милиот ни претседник кидна од сите претседателски јавни дебати (освен од една шарада).
ReplyDeleteСега, откако има 4 години, смее да излегува на телевизија и да ги надминува останатите кхм, политичари.
ovoj ni mesec dena nema da izdrzi kako pretsedatel.....a ako vaka produzi novinarive ke go unistat.....ocigledno ne e za politika...
ReplyDeleteIvo
Морам да признаам, убаво се насмеав кога ја гледав изјавата. Убаво се насмеав и кога го читав постов, држи вода муабетов... до некаде.
ReplyDeleteСега во функција на портпарол на Џоле (до 12-ти идниот месец вака, после по титула, со почит :) )
Човекот доживеа момент сакам речам незнам кажам, а ти па незнаеш разбереш и читаш меѓу редови (до новинарот). Станува збор за државна стратегија која се однесува на многу деликатно прашање, плус координирање на истата со интересите на македонските Албанци. Не може никој туку така да си излегува и да ни ги изложува плановите пред новинарите кои, кај нас, немаат ни грам осет за државни и национални интереси, па истата ке ја протолкуваат и пренесат на најтрагичен (а и спектакуларен) начин "Нема НАТО, нема ЕУ ние сме криви не попуштаме, албанците ќе бараат отцепување, не ни гине куршум, ах животе црн". Се знаат ставовите на владата, јасно е и кој го поддржа Џоле на избори, од таму би требало да се јасни и позициите кој тој ги застапува. Во период кога делумно се смирува топката (кој пратеше избори и вести, скоро, знае) нема потреба од повторување на македонскиот став за двојна формула кој Грците не го прифаќаат, впрочем можеби и доаѓа до редефинирање на македонскаа позиција, па не може да каже “Немаме став”!
Како и да е олабавете малце, тазе е човекот, допрва ќе треба да учи како да се врти како (хехехехехе) гиро за да не го горат новинарсиве пламенчиња.
@ Дона - 5 години не 4, немој вака сега :)
Абе не побараа од него да измисли топла вода, му рекоа да дефинира „разумно“. Чоекот да знаеше што конкретно ќе праи, ќе можеше да смисли и некакво логично објаснување („...да ги задоволиме националните интереси, да го смениме името, да признаат Грците дека Аце е наш...“) Мене ми изглеаше како Џоле да ја забораил лекцијата и го повтара само насловот. За такви работи у средно добиваа луѓе кецови.
ReplyDeleteА за огинот и гирото, не. Џоле знае у какво тавче рипна, треба да биде спремен.
Пациентов е толку мизерен што нема гз да одговори на ништо, или е МУЛЕ кое уште не го спремиле да одговара на прашања. Кој к*р не ставивме робот за претседател?!?! Ако шабанов не знае да одговори разумно што е уопште нек не се појавува пред европа.
ReplyDeleteСе кладам на нареден прес ќе држи лифченца у рака и ќе чита :)
Колку повеќе гледам каква пациентела е човеков, толку повеќе ми се темни што ќе треба да го гледам следни 5 години на сцена. Се повеќе си го зацврстуем ставот дека типов е една голема тутурутка.
А тоа дека ќе научи, ќе научи не викам не. И баба ми ќе научи за 5 години! Само моабетот е дека не ни требаше тип што ќе учи, туку тип што веќе знае
Abe nema vrska, greska ste. Djole si imal drug problem. Si izlegol fino na press, ama samo sto pocnal da go odgovara prasanjeto, aparatceto sto mu stoi vo uvo, (kao handsfree koa polagaat studenti), mu se rasipalo bas na prviot zbor - RAZUMNO, i posle toa nisto ne go slusal Grujo sto mu zbori, pa moral samo da povtoruva razumno, razumno, razumno, poso samo toa i go slusal.. =) Nisto, tapa tehnologijava.. =)
ReplyDeleteSanja =)
Leleee.. sramota e ova be...
ReplyDeleteI posle ni propaga drzhavata, e kako da ne ni propaga koa nekoj sho e smetan na najvisoko nivo vo drzhavava ne znae da definira "razumno".
па драги виски тоа им е работа на новинарите .....фала богу што не има иначе ќе мачкаат очи на јавноста заслепена од празните ветувања.....и нема потреба од секирање за тоа каков претседател ќе биде Џолето пошо и онака он ќе биде само марионетка на Грујо!!!
ReplyDeleteДа ни е жив и здрав Претседателот, да не беше тој, како ќе градев новинарска кариера ако немаше да знам дека "разумен компромис" ти било разумен компромис-навистина?! Фала човеку...Само кажи ми дали знаеш што значи титулата Универзитетски професот? Интелигентен човек, со стил и речник на говорење...Ај молим те читни си малку за тоа....
ReplyDelete