Thursday, April 23, 2009

Просветлување

Колку убаво вака кога ќе ти тргне денот со нешто ново што си го научил. Навистина се чувствувам просветлено. Него ај да почнеме од почеток...

Си читам ја весник по сабајлечки (нормално on-line пред монитор) и во Дневник ми искача еден напис за протестите на учителите по веронаука. Веронаука, учители, Уставен (my fav), влада, опозиција, итн... Но, овој текст не е така безначаен. Во него се крие една многу мудра мисла:

- Секаде во светот се учи дека човекот бил создаден од Бог и дека е наследник на Адам и Ева, а кај нас и понатаму децата се учат дека се создадени од мајмуни - ја објасни причината за протестот битолскиот вероучител Плури Велиу.


Мноооогу важна реченица. Во неа се крие причината за целово срање во кое сме ставени. Па ние сме ти сјебана генерација кога ќе видиш. Ние уствари цело време сме живееле у заблуда дека човекот настанал од мајмун, еволуција, Дарвин и слични богохулења. Нема врска. Господинот убаво си кажал во изјавата. Затоа нас цел свет ни се смее. Остај ти тоа со мајмуните, ова со човек од кал и жена од ребро е многу боље. Нормално, како да имаме успех во било какви преговори кога сме вака инфериорни со знаење спрема останатите. Него дај ние да не ги сјебеме наредните генерации, што е заебано досега, нема оправање. Ајде да им воведеме веронаука, да не испадне после и они да се резилат како нас. Барем така ќе научат како настанал човекот, а тоа ти е елементарно знаење за понатака.

Гарант и атомите се измишљотина некоја. Гнаси професорски, на што ли не научиле?

Tuesday, April 21, 2009

Live and let die - Guns n Roses

Pesnava mi naleta vcera slucajno u playlist.



When you were young
and your heart was an open book
You used to say live and let live
you know you did
you know you did
you know you did
But if this ever changin the world
in which we live in
Makes you give in and cry
Say live and let die
Live and let die

What does it matter to ya
When ya got a job to do
Ya got to do it well
You got to give the other fella hell

You used to say live and let live
you know you did
you know you did
you know you did
But if this ever changin the world
in which we live in
Makes you give in and cry
Say live and let die
Live and let die!

Thursday, April 16, 2009

Уставен рулз

Ма ни Бране, ни Љубе, ни Николче, ни Џоле, ни Гоца, ни Шема..... никој! Само Уставен суд покажа дека има муда у државава. У моментов владата изглеа како мало дете кога сака да каже нешто, и одозгора го има некој постар и попаметен кој му маа заушки на секоја глупост. Испадна дека кај нас у државава незнае никој закон да напише. Или онака се собрале пред кооперација, со пиво, па дај и по некој закон да напраиме у меџувремену.

Падна казната за оние што сакаат да се начукаат, падна законот за 8мо дете, паднаа фискалните со сонценце, падна веронауката... Што е следно?

Читам сеа и граѓаните што протестираа против изградбата на црква на плоштад ќе иделе на Уставен суд со претставка. Е ако падне и црквата на плоштад, ја ќе гласам за Уставен на наредни избори!

Wednesday, April 15, 2009

Разумно бе, разумно!

Ако сте глупи и ако не сфативте, разумно е разумно. Така деновиве Џоле им објасни на новинарите како ќе го реши спорот со името. За оние што не виделе, тука. Кул. Фала Џоле. Како си станал бе ти мајкин универзитетски професор?

1. Ова не ти се дечињата на факс, па да мора да ти ја прочитаат книгата што си ја напишал за да те разберат што уствари си мислел ти. А и ако вака си им објаснувал на предавање, алал да ти е. Ги жалам. Ама и што има да ги жалам. Гарант разумно си им објаснил на нив. Него ова новинариве што те нервираат...

2. Па новинари се бе! Тоа им е работа. Дај немој да губиш нерви уште пред да станеш претседник. Што ќе биде од тебе кога ќе станеш... Ќе се кљукаш со дијазепами пред прес. Не чини за здравје ова претседателскава функција. Добронамерен совет за во иднина: што и да те прашаат новинарите, одговарај како да те прашале дали сакаш локум. Фино и насмеано. Да не доживуеш вакви бламажи и медиумски линчови. Не е коректно.

3. Сфаќаме сите дека „разумно“ е прилично широк термин и слободен за индивидуална интерпретација, ама барем кажи ти како го сфаќаш. Или не го сфаќаш? Или си го прочитал негде, ама не си го разбрал? Ако е така, барем биди искрен и признај. Кој признава, пола му се простува.

Како и да е, добар старт. Ма не е ни старт, пред-старт е. Ова ти е исто како да се повредиш на загревање пред утакмица. Кул.

Friday, April 3, 2009

Šarada

Vo cest na praznikot sto izmina pred 2 dena:

Hit Counters