Тотално непланиран пост на мојот блог. Вечерва ми е хит "My way" од Френк Синатра, иако повеќе ми се допаѓа изведбата на Роби Вилијамс. Незнам зашто досега ми нема дојдено песнава до уво, ама мислам дека ми остави подолготраен впечаток.
Искреност. Тоа е тоа што оваа песна има, за разлика од повеќето други што ги имам слушнато (секоја чест на исклучоците). Многу повеќе од стихови, многу повеќе од музика. Цела животна приказна. Раскажана од аспект на искреност, моментот кога ги имаме последните 5 минути, моментот во кој секоја лага е безвредна. Незнам... сите ние различно ги доживуваме работите во животот. Можеби нема да се согласите со мене на оваа тема, можеби ќе ве збуни зашто токму зборам за искреност после оваа песна. Песната сама кажува: I did it my way.
And now the end is near
So I face the final curtain
My friend, I’ll say it clear
I’ll state my case of which I’m certain
Треба храброст за да бидеш искрен во одредени моменти. Да го кажеш тоа што го мислиш, не мора да значи дека секогаш треба да бидеш арогантното-копиле-што-све-пука-у-фаца. Тотално непотребно. Може едноставно да бидеш искрен и да го кажеш сопственото мислење. И да испаднеш фин дури. Можеби луѓето повеќе ќе не ценат така. Или не? Дали нашата околина е способна да ја препознава искреноста како доблест, а не како недостаток? Некои велат: „немаш осет“... „не си разумен“... „не си тактичен“... Сеедно, барем можам да кажам дека понекогаш сум бил искрен кога сум сакал.
Yes, there were times, I’m sure you knew
When I bit off more than I could chew
But through it all when there was doubt
I ate it up and spit it out
I faced it all and I stood tall
And did it my way.
Искреноста е како мала експлозивна направа. За да ја вклучиш, треба да си и ти блиску до неа. И кога ќе биде вклучена, прави штета насекаде наоколу. Редовно има повеќе од една жртва, некогаш и многу повеќе. Зависи како ги перцепираме работите. Тука се потсетувам секогаш на една дебатерска теза: This house would rather know. Секогаш би гласал афирмативно на оваа теза. Доволно сум возрасен за да знам за се што се случува околу мене. Можам и сам да ги донесам одлуките во животот. Информациите се секогаш добредојдени.
Regrets, I’ve had a few
But then again, too few to mention
I did what I had to do
And saw it through without exception
Нема поента ова што го пишувам. Ама сепак, морав да го кажам. Полесно ќе спијам.
Добра ноќ на сите вас.
For what is a man, what has he got?
If not himself, then he has naught.
To say the things he truly feels
And not the words of one who kneels
The record shows I took the blows
And did it my way...
Sunday, November 22, 2009
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
thanks
ReplyDelete